Украина ги соопшти условите: Нема да влеземе во НАТО ако ги добиеме овие гаранции!

Сподели со своите пријатели

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак изјави дека Киев е подготвен да го разгледа прашањето за одбивање членство во НАТО, доколку за возврат добие безбедносни гаранции.

 

Морган Стенли: Русија би можела да банкротира веќе на 15 април

 

„Подготвени сме за конструктивни преговори за клучните прашања. Се разбира, главното прашање е безбедноста. Суспендирање на борбените операции. Што се однесува до политичките прашања, претседателот Володимир Зеленски не се плаши да разговара за сето ова со Русија“, рече тој.

Како што рече, неопходно е Украина да добие прецизни, писмени и правно обврзувачки гаранции во услови кога НАТО отворено кажува дека не ја сака Украина за нејзина членка.

 

Зеленски: Западот ја дели одговорноста со Русија, капитулација не доаѓа предвид

 

„Во моментов е бесмислено да се зборува за детали. Сега главната работа е физички да се заштити Украина“, рече тој.

Подољак рече и дека Киев нема да прифати никакви ултиматуми поставени од Русија.