Турнир во пикадо во чест на Денот на жената во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во чест на Меѓународниот ден на жената денеска во Куманово се одржа турнир во пикадо.

Учество на турнирот зедоа шест екипи од повеќе институции, меѓу кои Секторот за внатрешни работи Куманово, Советот на општината, Општина Куманово, Црвен Крст и екипи од наставници членови на проектот Безбедни училишта.

– Уште еднаш сакаме да ја покажеме  локалната поврзаност во сите активности што се преземаат во зголемување на безбедноста на заедницата, домот и семејството, а пред се за безбедноста на младите. Во организација на СВР Куманово, Отсек за превенција, Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општински совет за превенција на детско претстапништво, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово.

 

 

Целта, како што појасни Богдановска е да се покаже дека не треба само да се нагласува потребата од родова застапеност на жените, туку дека жените сами треба да се изборат за неа.

– Впрочем и ваквото одбележување го сметаме во чест на жените што некогаш го кревале својот глас за да го најдат своето место, но сега гледаме дека секојдневно на сите активности се застапени жените и ова го гледаме како нешто заедничко каде се застапени и мажите и жени за безбедност на една заедница и општо за градење на општеството, додава таа.

 

 

Според Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, целта е да се истакне потребата од заедничко дејствување на институциите на локално ниво.

– Во една неформална дружба покажавме дека сите институции кои функционираат во Куманово можат заеднички во иднина да работиме што е можно повеќе и да успееме сите оние правила во сообраќајот, сите оние законски норми во различни област да постигнеме што повеќе луѓе и наши граѓани да ги имплементираат во реалниот живот, изјави Петковски.

 

 

Настанот е во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Текст: Никола Ивановски/ Фото: Стефан Младеновски