Русите објавија ноќна снимка од јуришни хеликоптери како напаѓаат цели (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана објави ноќна снимка од јуришни хеликоптери Ка-52 кои напаѓаат противвоздушни пушки и оклопни возила.

Летовите, како што соопштија, се вршеле претежно на мала надморска височина и во тешки временски услови.

 

Како буквата „Z“ стана симбол на руската инвазија? Еве што всушност значи!

 

„Екипи на воздухопловните сили на руското воено воздухопловство, дејствувајќи во парови, уништија противвоздушни пушки и оклопни возила со противтенковски наведувани проектили. Објективните контролни видео материјали го потврдуваат точниот удар“, се вели во видеото.

Да потсетиме, во неколку украински градови ситуацијата е многу тешка, а најлоша е во Мариупол, град под руска опсада во југоисточна Украина, кој се наоѓа во стратешки важна област, а Русија сака да го освои за да ги поврзе своите трупи на југ и исток.

Жителите се под постојан артилериски оган, а многумина веќе немаат пристап до вода и храна.

 

Стравични снимки по синоќешното бомбардирање низ Украина: Досегашната штета е 10 милијарди долари (ВИДЕО)

 

Труповите се на улица, никој не може да ги земе поради постојаното бомбардирање.

Иако Русија негира дека гранатирала цивилни цели, Украинците на терен велат поинаку. – Напаѓаат болници како и се друго, не им е гајле – изјавил за Би-Би-Си докторот Олег Ревко од градот Чернихив.

 – Нема да заборавиме, нема да простиме. Ќе го казниме секој криминалец – изјави украинскиот лидер Володимир Зеленски откако руски гранати убија цело четиричлено семејство кое бегаше од Ирпин, град северно од Киев.

 

Како буквата „Z“ стана симбол на руската инвазија? Еве што всушност значи!

 

Русија ги испрати речиси сите војници собрани во Украина во последните месеци на границата меѓу двете земји, процени во понеделникот Пентагон, испраќајќи 500 дополнителни војници во Европа за зајакнување на безбедноста на НАТО.

Рускиот претседател Владимир Путин досега го распореди речиси целиот контингент од повеќе од 150.000 војници во Украина, изјави во понеделникот висок претставник на американската одбрана. Како што руските операции се интензивираат, цивилите се сè повеќе погодени, а Москва сега се обидува да „регрутира“ странски борци, вклучително и Сиријци.