Шел престанува да увезува гас и нафта од Русија

Сподели со своите пријатели

Енергетската компанија Шел денеска соопшти дека ќе престане да купува руска нафта и гас и ќе ги затвори своите бензински пумпи во таа земја.

Loading...

Британско-холандската компанија во соопштение рече дека „постепено“ ќе престане да користи сурова нафта, нафтени деривати, природен гас и течен природен гас од Русија.

 

Стравични снимки по синоќешното бомбардирање низ Украина: Досегашната штета е 10 милијарди долари (ВИДЕО)

 

„Ние сме целосно свесни дека нашата одлука минатата недела не беше правилна“

Украинскиот министер за надворешни работи пред неколку дена ја критикуваше „Шел“ дека продолжува да купува руска нафта, односно дека продолжува да работи со владата на претседателот Владимир Путин.

„Ние сме целосно свесни дека нашата одлука минатата недела да купиме одредена количина руска сурова нафта за да се рафинира во производи како што се бензин и дизел не беше правилна, иако беше донесена со цел да се стабилизира синџирот на снабдување. Жал ми е“, изјави извршниот директор Бен ван Берден.

Loading...

„Како што веќе рековме, добивката од преостанатите количества руска нафта ќе ја пренасочиме во наменски фонд“, додаде тој.

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба рече дека Шел „дискретно“ ја купи нафтата во петокот и ја повика јавноста да изврши притисок врз компанијата.

„Едно прашање за Шел: зарем руската нафта не мириса на украинска крв?“ изјави Кулеба на Твитер, пренесува АП.

„Ги повикувам совесните луѓе ширум светот да побараат од мултинационалните компании да ги прекинат сите деловни врски со Русија“, додаде тој.

Зголемување на цените на нафтата

Loading...

Дискусиите за забрана за увоз на нафта од Русија во понеделникот ги подигнаа цените на највисоко ниво од 2008 година, на 139 долари, поттикнати од стравувањата дека САД и Европа би можеле да го забранат увозот на руска нафта.

 

Како буквата „Z“ стана симбол на руската инвазија? Еве што всушност значи!

 

Во текот на денот ситуацијата малку се смири и цената се лизна на 123 долари.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, цените се зголемија за околу една третина.

Тие го достигнаа највисокото ниво од почетокот на тргувањето на финансиските пазари во летото 2008 година, кога со барели се тргуваше по речиси 150 долари, потсетува агенцијата dpa.