Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија поради нападот врз Украина, изјавија денеска за Ројтерс неименувани извори во Брисел.

Санкциите ќе бидат насочени кон руски политичари и бизнисмени, како и три белоруски банки.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

За новите санкции на денешната средба ќе разговараат евроамбасадорите.

Според британската агенција, се очекува три белоруски банки да бидат исклучени од системот SWIFT, како и неколку руски пратеници и бизнисмени да бидат додадени на бриселската листа на санкционирани.

 

Зеленски: Се бориме за правото на живот, тоа окупаторите сакаат да ни го одземат

 

Новиот пакет санкции вклучува и забрана за извоз на поморска технологија во Русија и дава упатства за следење на криптовалутите со цел да се спречи нивна употреба за да се избегнат санкциите на ЕУ.