Четириесет и едногодишен кумановец вчера рано утринава бил приведен откако физички нападнал сограѓанин во угостителски објект во Куманово.
– На 08.03.2022 година во 02,20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (41) од Куманово затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ физички го нападнал Љ.Ј. (58) од село Љубодраг кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Истиот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

