Украинска армија: Убиени 12.000 руски војници

Сподели со своите пријатели

Од ден на ден пристигнуваат нови информации за загубите и жртвите во бруталната војна што Русија ја води во Украина.

Така, украинската армија денеска соопшти дека се убиени 12.000 руски војници.

 

Германската индустрија против прекинот на увоз на нафта од Русија

 

Тие објавија и дека уништиле 1.036 оклопни транспортери, 474 возила, 303 тенкови, 120 артилериски системи, 60 резервоари за гориво, 56 повеќе ракетни системи, 80 хеликоптери, 80 авиони, 27 противвоздушни системи, 7 беспилотни летала и 3 чамци.

Се тврди дека загинале 12.000 руски војници.