Русија отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Киев, Черников, Суми, Харков и Мариупол, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува Интерфакс.
Украинските медиуми објавија видео од почетокот на евакуацијата на цивилите од Суми.
Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија
Да потсетиме, Министерството за одбрана соопшти дека руските сили во Украина утринава во 8 часот вовеле „режим на тишина“.
Како што претходно беше најавено од Меѓуресорскиот координативен штаб на Русија за хуманитарен одговор во Украина, Русија и Украина ќе воспостават комуникациска врска за размена на информации за евакуација на цивили од 9.30 часот денеска (7.30 часот по средноевропско време).
Evacuation of Foreign Nationals to Poltava have started in Sumy#UkraineRussianWar #RussiaUkraine #Ukraine #Russia #UkraineWar pic.twitter.com/zyhweFp6HI
— UKRAINE LIVE 🇺🇦 (@defensesentinel) March 8, 2022