Досега во Австрија побегнале 45.000 Украинци

Сподели со своите пријатели

Австриската граница досега ја минале околу 45.000 Украинци кои избегале од војната, а од 75 до 80 отсто од нив го продолжуваат патувањето, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер.

Тој нагласи дека Австрија сака брзо и небирократски да им помогне на бегалците од украинската војна.

 

Зеленски се „олади“ од влезот на Украина во НАТО, подготвен да разговара за Крим и Донбас

 

Карнер рече дека сместувањето сега треба да се стави на располагање и да се испрати хуманитарна помош.

– Кој помага брзо, помага двапати. Кој помага без бирократија, трикратно помага – подвлече министерот, апелирајќи до граѓаните да не вршат приватен транспорт на помош во кризниот регион, туку пред се да донираат пари.