Апел од градот Лавов: 200.000 раселени Украинци треба да бидат нахранети и сместени

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, во вторникот изјави дека градот, кој се наоѓа во западна Украина, се бори да обезбеди храна и засолниште за околу 200.000 раселени Украинци кои побегнале од деловите на земјата зафатени од војна, пренесува Си-Ен-Ен.

– Околу 200.000 Украинци веќе пристигнаа во Лавов. Жени, деца, стари лица избегнаа гранатирање и бомбардирање. Тие беа принудени да ги напуштат своите домови.

 

Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија

 

Ги сместуваме сите и обезбедуваме храна и се што е потребно. Но, возовите одат, а бројките растат – вели градоначалникот Садовји во видео изјава.

Тој ги повика меѓународните организации да пружат помош „тука во Лавов, во Украина“.

– Потребни ни се мобилни центри за привремен престој со опремени бањи и капацитети за храна. Медицинска и психолошка поддршка, лекови, панцири, шлемови. Мобилни болници за деца и возрасни – рече тој.

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

Во изјавата од понеделникот, Садовиј рече дека градот наскоро ќе го пополни својот капацитет.

Околу 440 културни и образовни објекти во Лавов се користат за сместување на раселените лица, заедно со 85 верски објекти, соопшти кабинетот на градоначалникот.