Најмалку 1,2 милиони бегалци од Украина преминале во Полска

Сподели со своите пријатели

Најмалку 1,2 милиони бегалци ја минале границата меѓу Украина и Полска од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти полската гранична служба.

Само во понеделникот границата ја минале 141.500 луѓе.

 

Бајден сѐ уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

 

Вкупно, најмалку 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Украина, според ОН.

Повеќето избегаа во Полска, додека други ги преминаа границите на Унгарија, Словачка, Молдавија и Романија.