Најмалку девет лица се убиени во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Loading...
Се вели дека нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март, објави Ројтерс.
Бајден сѐ уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта
Покрај девет смртни случаи, според СЗО, повредени се 16 лица, меѓу кои седум здравствени работници.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, додавајќи дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.