Британскиот готвач Роби Бел го сподели врвниот трик со алуминиумска фолија на неговиот ТикТок.
Бел во видеото покажа што да правите кога вашата алуминиумска фолија ќе почне нерамномерно да се кине.
„Ова е еден од најдобрите кујнски трикови што некогаш сум ги научил“, вели Роби, кој живее во Мелбурн.
Финтата е во тоа што кога фолијата ќе стане нерамна, наместо да ги кинете испакнатите парчиња еден по еден, откинувате дел од фолијата и ја формирате во топка, а делот каде што е нерамномерно едноставно го гребете.
Со оваа едноставна техника ќе се ослободите од вишокот што ви пречи и сепак ќе можете да ја користите вашата алуминиумска фолија како да е нова!
Во описот на видеото, Роби му се заблагодари на друг професионален готвач, Шон Хурел, кој му го откри овој корисен трик. Видеото стана вирално од неговото објавување и има повеќе од 1,8 милиони прегледи. Многумина во коментарите му беа благодарни на Роби што со сите го сподели решението за често фрустрирачкиот проблем што секому му се случува.
@robbiebell8 Best kitchen hack ever by my boy Shaun Hurrell @barriocomida one of the UK’s best chefs. #kitchenhack #cookinghack #foodhack

