Во следните денови, лидерите на Европската унија ќе разговараат за барањето на Украина да се приклучи на блокот од 27 земји, објави во понеделникот претседавачот на самитот на ЕУ, Шарл Мишел во твит.
– Солидарноста на ЕУ, пријателството и невидената помош за Украина се непоколебливи. Ќе разговараме за апликацијата на Украина за членство во наредните денови – рече тој.
Лидерите на ЕУ се очекува да разговараат за војната во Украина и обидот на земјата да се приклучи на ЕУ на неформалниот самит во Париз во четврток.
Continued close contact with President @ZelenskyyUa
The #EU stands firmly by #Ukraine’s side in efforts to alleviate humanitarian suffering inflicted by Russia’s aggression and ensure nuclear safety.
— Charles Michel (@eucopresident) March 7, 2022
Шарл Мишел вели дека разговарал со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за „развојот на трагичната ситуација во Украина“.
– ЕУ најостро ја осудува руската агресија врз Украина. Тој го повика претседателот Путин веднаш да ги прекине непријателствата и да обезбеди безбедни премини и пристап до хуманитарна помош. Посебно ја нагласив потребата да се обезбедат нуклеарни постројки во Украина во светлината на борбата – напиша Мишел на Твитер.
Претседателот на Европскиот совет нагласува дека се договорени натамошни контакти со претседателот на Руската Федерација.