Путин: Украинските националисти продолжуваат да го спречуваат повлекувањето на цивилите

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинските националисти продолжуваат да го спречуваат повлекувањето на цивилите од опасните зони.

Ова денеска го соопшти прес-службата на Кремљ, по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди.

 

Акциите паѓаат, цените на нафтата скокнаа до небо

 

„Владимир Путин го информираше премиерот на Индија дека, имајќи ја предвид влошената хуманитарна ситуација, руските вооружени сили денеска прогласија затишје и отворање на хуманитарни коридори“, се вели во соопштението.

Прес-службата на Кремљ додава дека во исто време, „националистичките групи продолжуваат да го попречуваат повлекувањето на цивилите, вклучително и странските државјани, од конфликтните зони, користејќи сила и прибегнувајќи кон различни форми на провокација“.

Путин, исто така, му рекол на Моди дека рускиот воен персонал прави се за да ги евакуира индиските граѓани од градот Суми.

 

Кремљ: Русија е подготвена да ја прекине воената операција во секое време – ако Киев ги исполни условите

 

„Индиските студенти, држени од радикалите во Харков, успеаја да го напуштат градот како резултат на силниот меѓународен притисок врз властите во Киев. Рускиот воен персонал на секој начин се обидува да ги евакуира индиските граѓани од Суми“, додаде Кремљ.

Според Москва, Моди и се заблагодарил на руската страна за мерките што ги презела за враќање на индиските граѓани дома.