Русија е подготвена да ја прекине специјалната воена операција во Украина во секое време, доколку Киев ги исполни условите на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа и го пренесовме на украинската страна, за да може сè да биде запрено во исто време“, рече Песков во пресрет на третата рунда преговори што ќе се одржи на полско-белоруската граница.
Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји
Како што прецизираше, Украина е должна да го измени Уставот за да се откаже од какви било намери за влез во воени блокови, да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск како независни држави и да го признае Крим како руски.
„Го завршуваме процесот на демилитаризација на Украина. Украинците треба да престанат да се борат – нагласи Песков.