Руската делегација пристигна во Брест на преговори

Сподели со своите пријатели

Руската делегација пристигна во белорускиот град Брест на преговори со украинскиот тим, јавува руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на порталот за следење летови Flytradar.

Не е соопштена точната локација на третата рунда преговори, како и времето кога се планира да се одржи средбата, пренесува Ројтерс.

Првите две рунди преговори се одржаа на територијата на Белорусија на 29 февруари и 3 март.