Володимир Зеленски, претседателот на Украина, денеска повторно се обрати на својот народ и на светската јавност.
Украина е нападната од Русија од 24 февруари.
Во последните 24 часа руски војници убиle најмалку осум лица во Харков
– Нема крв на нашето знаме. Нема да има црни дамки, нема да има свастики. Украинското знаме е земја, мирна, плодна, златна без тенкови. Ова небо е мирно, чисто и сино без ракети. Така беше и порано, така ќе биде – рече меѓу другото Зеленски во новото обраќање.
Тој рече дека отпорот на Украина одлучува за иднината на Европа и ги повика западните лидери да му дадат воени авиони.
Во последните 24 часа руски војници убиle најмалку осум лица во Харков
Украинскиот лидер повика и на бојкот на руската нафта и извозот.
– Никогаш не ја сакавме оваа војна, војната дојде кај нас. Никогаш не сакавме да убиеме никого, но мора да се бориме да го истераме непријателот од нашата земја и нашите животи. Мора да го толерираме она што ниту една европска нација не мораше да го толерира во последните 70 години – рече Зеленски.