Руската армија тврди дека се уништени 14 украински авиони

Сподели со своите пријатели

Руската воздушна одбрана уништи три украински борбени авиони СУ-27 во близина на Полтава, јуришен авион СУ-25 во Гостомел, два хеликоптери МИ-24 во регионот Макаров и осум беспилотни летала.

 

Проектил погоди станбена зграда во Харков (ВИДЕО)

 

Уништиле и беспилотни летала Бајрактар ​​ТБ2, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Руските бомбардери и јуришни авиони уништија три украински ракетни системи земја-воздух Бук-М1 и две радарски станици, изјави генералот Конашенков, потврдувајќи дека од почетокот на „специјалната операција во Украина“ биле уништени вкупно 2.396 украински воени објекти.

 

Украина: Рускиот предлог за евакуација е „неморален“

 

„Од почетокот на специјалната операција во Украина, уништени се 2.396 украински воени инфраструктурни објекти, вклучувајќи 82 командни и комуникациски центри, 119 системи за противвоздушна одбрана С-300, Бук-М1 и Оса и 76 радарски станици“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана мајор Игор Конашенков.