Кина регистрира нов пораст на случаи на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Кина регистрира нов пораст на случаи на коронавирус низ целата земја, и покрај воведувањето на политиката на „нулта толеранција“ во борбата против пандемијата.

Loading...

Во изминатите 24 часа во Хонг Конг се регистрирани 25.150 нови случаи на коронавирус и 280 смртни случаи, јавува Ројтерс.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг во саботата рече дека земјата треба „постојано да го подобрува начинот на кој се контролира епидемијата“, но од друга страна, тој не даде никакви индикации дека Пекинг може да ја олесни мерката „нулта толеранција“, пренесува АП.

Премиерот Ли повика на забрзување на развојот на вакцината против коронавирус и „зајакнување на контролата на епидемијата“ во градовите од каде доаѓаат патници и стоки од странство.

Стратегијата „Нулта толеранција“ подразбира карантин и затворање на цели заедници, а понекогаш дури и градови, кога се регистрирани само неколку случаи.

Кинеските власти го припишуваат овој пристап, заедно со стапката на вакцинација на повеќе од 80 отсто од населението, на помагање во спречување на голема епидемија низ целата земја.

Критичарите, од друга страна, тврдат дека стратегијата влијае на економијата и го спречува населението да изгради природен имунитет.

Во Пекинг не се пријавени нови случаи на коронавирус, а градот во голема мера се врати во нормала, иако маските сè уште се носат на јавни места во затворени простории.

Loading...