Осквернавена руската амбасада во Виена (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Австрија поради украинската криза расте нетрпеливоста кон Русија, а доказ за тоа е црвениот напад на руската амбасада во Виена.

Непознати напаѓачи фрлиле црвена боја на оградата на руската амбасада во Виена.

 

Проектил погоди станбена зграда во Харков (ВИДЕО)

 

Амбасадата објави фотографија на Твитер, на која се гледа дека бојата е фрлена на ознаката на Амбасадата, како и делови од оградата.

„Ќе протестираме до австриското Министерство за надворешни работи“, соопштија од Амбасадата, додавајќи дека тоа е варварски чин.

Амбасадата напиша и дека вандалите кои ја фрлиле бојата биле на мотор и дека веќе е покрената полициска истрага.

 

Нови детали за смртта на украинскиот преговарач: Убиен е во Киев

 

Од почетокот на вооружениот конфликт во Украина, австриско-руските односи се влошија.

Министерството за надворешни работи на Русија во саботата остро ги критикуваше изјавите на канцеларот Карл Нешамер и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг поради антируската реторика, притоа доведувајќи го во прашање почитувањето на неутралноста.