Украина: Рускиот предлог за евакуација е „неморален“

Сподели со своите пријатели

Украина денеска потврди дека преговара со Русија за воспоставување хуманитарни коридори, но рече дека тие најверојатно нема да бидат воспоставени додека руските сили се обидуваат да напредуваат.

Киев, исто така, оценува дека предлогот на Русија за отворање хуманитарни коридори е „целосно неморален“ бидејќи Москва предложи на граѓаните да им биде дозволено да се евакуираат од украинските градови во Белорусија или Русија.

 

Момче со солзи во очите пристигнало само во Словачка од Украина, на раката имал само испишан број (ФОТО)

 

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович, рече дека на Украинците треба да им се дозволи да одат каде што сакаат, но препорача да не се евакуираат во Русија.

„Ова е целосно неморална приказна. Тие се државјани на Украина, треба да имаат право да бидат евакуирани на територијата на Украина“, изјави портпаролот на Зеленски.