Шефот на кинеската дипломатија денеска изјави дека руско-кинеското пријателство останува „цврсто како камен“.
Соработката меѓу двете земји носи придобивки и добробит за двете нации, рече Ванг Ји на годишната прес-конференција, пренесе Ројтерс.
Третата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија би требало да се одржи денеска
Да потсетиме, Кина одби да го нарече рускиот напад врз Украина инвазија, додека ги замоли западните земји да ги почитуваат руските „легитимни безбедносни грижи“.
Таа повика да се стави крај на кризата преку преговори.
Списокот на земји кои воведуваат санкции кон Русија секојдневно се зголемува, но на него сè уште ја нема Кина.