Вкупно 1.067 милиони Украинци побегнаа во Полска по руската инвазија на 24 февруари, соопшти денеска полската гранична полиција.
Само во неделата 142.300 Украинци преминале во Полска, пренесува Ројтерс.
Украинска армија: Битката за Киев ќе биде клучна, Русите тргнуваат во освојување
„Сообраќајот на полско-украинската граница е се погуст, а денеска во седум часот од Украина во Полска пристигнаа 42.000 луѓе“, објави граничната полиција на Твитер.