Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД, го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од Меѓународната организација за спроведување на законот, изјави британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател.
Обединетото Кралство, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд повикаа на „итно суспендирање на пристапот на Русија до нивните системи“, напиша Пател во неделата на Твитер.
Третата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија би требало да се одржи денеска
Групата побара од извршниот одбор на Интерпол да донесе одлука оваа недела.
„Постапките на Русија се директна закана за безбедноста на поединци и меѓународната соработка во спроведувањето на законот“, додаде Пател, пренесува АФП.
Иако Пател не ја прецизираше причината за барањето, западните сојузници се обидуваат дипломатски и економски да ја изолираат Москва поради нејзината инвазија на Украина.
Третата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија би требало да се одржи денеска
Во неделата, главниот американски дипломат Антони Блинкен рече дека Вашингтон видел „многу веродостојни извештаи“ дека Русија извршила воени злосторства за време на упадот, особено во однос на нејзиниот третман кон цивилите.
На Советот за човекови права на ОН минатата недела, членовите со големо мнозинство гласаа за започнување истрага за наводите за злоупотреба извршени од московските сили во Украина.
Интерпол, мрежа од 194 земји-членки, има за цел да ја олесни полициската контрола на меѓународните злосторства.