Пентагон: Русија искористила 95 отсто од моќта акумулирана на границите од почетокот на војната

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на војната, Русија истрела 600 проектили кон Украина и искористи 95 отсто од моќта акумулирана на границите. Ова го објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок функционер на американското Министерство за одбрана, пренесува „Евроинтеграција“.

Според официјалниот претставник, САД ги следат борбите во Херсон и Николаев, а руските војници сѐ уште се обидуваат да ги опколат Киев, Харков, Чернихив и Мариупол.

 

Блинкен: Земјите на НАТО можат да испратат борбени авиони во Украина

 

Но, напредокот наиде на силен отпор од страна на Украинците, кој ја забави руската офанзива.

Во меѓувреме, масивен руски конвој северно од Киев, кој покрива околу 64 километри пат, практично останува во место, но нема информации колку е оддалечен од Киев.

На крајот на минатата недела тој беше на околу 25 километри од центарот на Киев.

 

Руски трупи го бомбардираа Николаев: Погоден станбен блок, делови од градот без струја

 

Според податоците со кои располагаат САД, и Украинците и Русите го задржуваат огромното мнозинство од воздушната борбена моќ, така што ниту една страна нема предност на небото.

– Сметаме дека украинскиот народ во повеќето делови на земјата сè уште има средства за комуникација, пристап до интернет и до медиумите – додаде функционерот.