Австралија ја повика Русија да ја осуди руската агресија

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да ја покаже својата посветеност на глобалниот мир и да му се придружи на остатокот од светот во осудата на руската агресија, јавува Би-Би-Си.

– Светот долго време ги слуша зборовите на Кина за нејзината посветеност на глобалниот мир и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет. Останува на Кина, во овој историски момент, да покаже дека тоа е повеќе од зборови – рече Морисон за време на неговиот долг говор во Сиднеј.

 

Блинкен: Земјите на НАТО можат да испратат борбени авиони во Украина

 

Тој, сепак, додава дека „раните сигнали не се добри“, посочувајќи на средбата на кинескиот и рускиот претседател на Зимските олимписки игри, поддршката на Кина за рускиот извоз на пченица и изјавите на Пекинг кои, според Морисон, даваат „дури и легитимно“ причина за инвазија на Русија врз Украина“.

– Ниту една земја не би имала поголемо влијание врз Русија од Кина, доколку му се придружи на остатокот од светот во осудата на руската агресија и примената на истите санкции. Тоа досега не го направила – изјави Морисон.

 

Се отвораат хуманитарни коридори во Украина, објавени се детали

 

Според Би-Би-Си, односите меѓу Кина и Австралија се влошија во последните години бидејќи Канбера изрази загриженост поради наводното мешање на Пекинг во неговата внатрешна политика, што Кина жестоко го негира.

Морисон нагласи и дека Австралија соработува со други земји во казнувањето на Русија, заблагодарувајќи им се на Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур за санкциите против Русија.