Блинкен: Земјите на НАТО можат да испратат борбени авиони во Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испратат борбени авиони во Украина.

Во интервју за CBS News, на прашањето дали Полска, како членка на алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло“ за тоа.

 

Руски трупи го бомбардираа Николаев: Погоден станбен блок, делови од градот без струја

 

„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме доколку одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ќе ги испрата во Украина“, рече Блинкен.

Портпаролот на Белата куќа претходно изјави за CBS News дека американската администрација ја разгледува можноста да и исплати компензација на Полска за авионите доколку таа одлучи да испрати борбени авиони во Украина, но истакна дека има неколку прашања во врска со тоа, вклучително и како авионите треба да се префрлат од Полска до Украина.