Анонимуси тврдат дека хакирале руски ТВ станици

Сподели со своите пријатели

Хакерскиот колектив Анонимус тврди дека хакирал емисии на руската државна телевизија со цел да се прикажат снимки од војната во Украина.

Во објава на Твитер, Анонимус соопштија дека хакирале канали вклучувајќи ги Русија 24, Канал 1 и Москва 24, покрај руските стриминг сервиси Винк и Иви.

 

Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина

 

Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди овие тврдења.

Во посебна објава, групата рече дека е вклучена во најголемата операција на Анонимуси досега видена, додавајќи дека е загрижена дека некои влади може да ја сфатат како закана и да спроведат лажни операции за да ја дискредитираат.

 

Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина

 

– Сетете се на нас кога разни сили ни привлекуваат внимание, бидејќи тоа ќе се случи. Можеме да го промениме светот на подобро. Тоа отсекогаш било идеја – рекле тие, пишува Би-би-си.