Рано утринава руски војници го бомбардираа јужниот украински пристанишен град Николаев од повеќецевни ракетни системи, јавуваат агенциите.
Гранатирањето започнало околу 5.00 часот по локално време, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локалниот медиум „Њуз-Н“.
Жителите на Николаев пријавиле дека експлозии се слушнале во сите делови на градот и наводно во два правци истовремено, пренесува „Украина 24“.
И жителите на социјалните мрежи пишуваат дека во некои делови од градот снема струја.
Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина
Градоначалникот на Николаев, Олександар Сенкевич, потврди дека руските сили утринава го бомбардирале градот, пишувајќи на Фејсбук дека руски војници пукаат во станбени згради и сподели видео од станбен блок зафатен во пламен.
– Во градот има многу гранати кои не експлодирале. Не приоѓајте, кревајте и не обидувајте се сами да ги преместите – предупреди Сенкевич.