Околу 20.000 странски борци доброволно се пријавија да и помогнат на Украина во борбата против Русија, изјави денеска шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.
„Во моментов нивниот број е околу 20.000. Тие главно доаѓаат од европските земји“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен, додавајќи дека многу луѓе ја „мразеле Русија“ со години, но не се осмелуваат да и се спротивстават.
Кулеба оцени дека иако ја разбира „потребата на луѓето да се борат“, поважно е да се добие политичка, економска и воена помош од светот.
На крајот на февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави формирање на „меѓународна легија“ од странски борци што ќе помогне да се одбие руската инвазија.
Цивили се обидоа да побегнат од град кај Киев, но тогаш почна гранатирање (ВИДЕО)
Волонтерите се поканети да аплицираат во украинските амбасади во нивните земји.