Руските сили раниле пет лица на протести во јужна Украина

Сподели со своите пријатели

Руските сили денеска отворија оган на протестот против окупацијата на градот Нова Каховка на југот на Украина и во таа прилика раниле пет лица, јави украинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на очевидци.

Околу 2.000 луѓе излегоа на улиците на Нова Каховка за да го изразат своето противење на руската специјална воена операција со веење украински знамиња и повикувајќи ги руските сили да го напуштат градот, објави Ројтерс.

 

Русија тврди дека Украина имала програма за биолошко оружје

 

Сличен протест на кој присуствуваа неколку стотици луѓе денеска се одржа и во Калачанка.

Во текот на изминатата недела протести на кои присуствуваа неколку илјади луѓе беа одржани во градовите Бердјанск и Мелитопол.