Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека процесот на пристапување на Украина во Европската унија ќе се одвива според одредена процедура за која ќе биде потребно време, но дека овој процес повеќе не може да се запре.
Говорејќи од Берлин за Си-Ен-Ен, фон дер Лајен рече дека украинската борба денес е борба на демократиите против автократиите.
„Нема сомнеж дека украинскиот народ и раководството се борат за заедничка безбедност. Процесот што го започна претседателот ќе потрае, но тој сега е започнат и нема сомнеж за тоа. Веќе направивме некои елементи кои ја доближија Украина до ЕУ, но остануваат да се направат некои реформи и процеси, но она што е сигурно е дека процесот е започнат и дека сме подготвени да и помогнеме на Украина во борбата против Русија. Ова е борба на демократиите против автократиите“, рече фон дер Лајен.
Одговарајќи на прашањето за санкциите и зошто тие не го вклучуваат енергетскиот сектор, Фон дер Лајен тврди дека се работи на тоа што поскоро да се ослободи од зависноста на Европа од фосилните горива од Русија.
„Она што го направивме во неверојатно единство е што воведовме огромни санкции, кои имаат огромни последици, цените се зголемија, инфлацијата се зголеми, рубљата паѓа, она што сега го правиме е да ги изолираме за да ги спречиме да продолжат да ја финансираат војната. Она што ние исто така го правиме е да бараме алтернативи за фосилните горива од Русија и сега бараме други модели заедно со пријателите во САД, но и други сојузници“, рече фон дер Лејен.
Овонеделните напади врз нуклеарни постројки се голема грижа и за ЕУ и за меѓународната заедница.
Блинкен: Русија изврши воени злосторства за време на инвазијата на Украина
Фон дер Лајен, исто така, предупредува дека мора да се обезбедат хуманитарни коридори за да се спречат дополнителни цивилни жртви.
„Најзагрижени сме за безбедноста. Ги пуштаме сите канали за комуникација со цел да ги запреме бомбардирањата во тие делови, но и да отвориме хуманитарни коридори за да им помогнеме на луѓето како оние од Мариупол за да можат да ги напуштат тие градови. Работиме со Црвениот крст и други за да се осигураме дека овие коридори ќе бидат отворени. Мислам дека треба да спроведеме силни и јасни истраги за да потврдиме дека во Украина се извршени воени злосторства, кога станува збор за хуманитарните коридори, не ни треба само политички договор, туку и дека воените елементи го знаат тоа на терен и го почитуваат она што е договорено. Прекинот на огнот може да потрае уште еден ден или два за да биде ефективен, но се надеваме дека сè ќе биде под контрола“, рече фон дер Лејен.