Шефот на ДНР: Пронајден лаптоп на НАТО во штабот на украинската армија

Сподели со своите пријатели

Лаптоп со лиценциран матичен број на НАТО и разузнавачки информации е пронајден во еден од штабовите на украинската армија, изјави шефот на ДНР, Денис Пушилин.

Според него, тоа докажува дека алијансата им помогнала на националистите во Украина, пренесува RT.

 

Руската амбасада во Македонија вели се ширела русофобија и оти евидентираат сѐ

 

„Милитантите на националните баталјони имаат посебно ниво на безбедносна дозвола на Северноатлантската алијанса. Овој лаптоп содржи детална карта на областа со локацијата на нашите единици“, рече шефот на Република Доњецк на прес-конференција.

Покрај тоа, вооружените сили на Украина планирале да ги нападнат Крим и Донбас во пролетта 2022 година, рече тој.

 

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса

 

„Според нашите разузнавачки информации и сведочењето на затворениците, офанзивната операција требаше да започне на 8 март оваа година. Фактите покажуваат дека инвазијата била историски планирана на територијата на Република Донбас и на територијата на Руската Федерација – Крим“, рече Пушилин.