Утрово имаше силно гранатирање западно и северозападно од Киев. Експлозиите ги слушнале и новинарите на Си-Ен-Ен во Киев и руралните области југозападно од градот.
Две минофрлачки или артилериски гранати погодија цивилен контролен пункт меѓу Киев и предградијата Ирпин.
Убиени се три лица, соопштија украинските власти, меѓу кои и две деца.
„Руските војници вчера ги зазедоа Хостомел и Буча. Русите влегоа таму. Тие повредија многу деца и не им дозволуваат да се евакуираат, и покрај бројните апели на највисоко државно ниво да се обезбеди зелен коридор од Буча и Ирпин. Многу деца се во подрумите“, рече Олексеј Арестович, советник во кабинетот на претседателот на Украина.
„Ова е катастрофа и од хуманитарна и од морална страна“
„Има подруми каде што сега седат 70 деца и не ги пуштаат. Ова е катастрофа и од хуманитарен и пред се од морален аспект“, рече Арестович и додаде дека за ова прашање се разговарало“ на највисоко ниво со меѓународните хуманитарни институции“.
Неколку деца загинаа, соопшти украинското Министерство за здравство.