Путин: Војната ќе престане кога Украина ќе престане да се бори

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор го информирал турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за руската специјална операција за заштита на Донбас, а исто така детално ги објаснил главните цели и задачи поставени, соопшти прес-службата на Кремљ.

Рускиот претседател најави дека е можно прекинување на специјалната операција само доколку Киев престане да се бори и ги исполни барањата на Русија.

 

Стотици приведени на анти-воените протести во Русија

 

Путин нагласи дека руската специјална операција во Украина се одвива според планот и во согласност со распоредот.

– Потврдена е подготвеноста на руската страна за дијалог со украинските власти и со странски партнери со цел да се реши конфликтот – се наведува во соопштението.

За време на разговорите, Путин го привлекол вниманието на Ердоган на фактот дека сите обиди на Киев да го одложи преговарачкиот процес немаат перспектива.

 

Ердоган му порача на Путин: Итен прекин на огнот во Украина

 

Според соопштението на прес-службата на Кремљ, националистичките, неонацистички формации продолжуваат да бидат особено сурови и цинични.

– Беше изразена надеж дека за време на планираната нова рунда преговори претставниците на Украина ќе покажат поконструктивен пристап кој целосно ќе ја земе предвид актуелната ситуација – се посочува.

Рускиот претседател ја потврди и подготвеноста на руската страна да ја пружи сета потребна помош со цел турските граѓани безбедно да се евакуираат од областа каде што се водат борбите.