Вкупно 25 казни биле напишани во текот на изминатата ноќ од страна на полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Куманово, а најголем дел од нив во Куманово.
– На (05/06.03.2022) од 21.00 до 05.00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 25 возачи,од кои 23 во Куманово и 2 во Крива Паланка, информираат од кумановската полиција.
Засилените акциски контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.
Никола Ивановски

