Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска во Жешов, Полска, дополнителна помош за Украина, Полска и земјите каде бегалците од Украина бараат спас од војната, во вредност од 2,75 милијарди долари, што американскиот претседател Џо Бајден веќе ја побара од Конгресот.
„Полјаците знаат колку е важна одбраната на слободата, така што ќе работиме заедно за да и помогнеме на Украина да се спротивстави на нелегалната, неиспровоцирана предумисла инвазија“, рече Блинкен по разговорите со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и министерот за надворешни работи Збигњев.
Моравјецки им рече на новинарите дека Блинкен целосно се согласува дека е неопходно да се зајакне источното крило на НАТО, а со тоа и безбедноста на Полска, Литванија, Романија, Унгарија и Словачка и дека сите сојузници го велат истото.
„Се договоривме дека Украинците во нивните ровови, утврдувања, барикади не се борат само за суверена Украина, не само за безбедноста на нивната земја, туку и за безбедноста на целиот НАТО“, рече полскиот премиер.
Моравјецки повторно побара од Блинкен, како и од Европската Унија, уште поостри санкции против Русија.
„Санкциите мора да бидат жестоки и одлучно да ја погодат воената машинерија на Путин. Тоа значи дека сите банки треба да бидат исклучени од СВИФТ, а замрзнувањето на средствата треба да биде што пошироко“, рече Моравјецки.
Хаос во Мариупол по неуспешната евакуација: Ова е целосна катастрофа
Шефот на полската дипломатија рече дека разговорите со Блинкен биле посветени на координација на одговорот на руската агресија врз Украина, политичките, социјалните, економските и хуманитарните последици од војната.
„Полска никогаш нема да ги признае територијалните промени кои произлегуваат од незаконска, неиспровоцирана агресија. Начинот на кој Русија го води нападот и нејзините напори да го скрши отпорот на Украина кон нападите што го тероризираат општеството со гаѓање станбени згради, нуклеарни централи и цивилни возила е кршење на меѓународното право“, рече Рау на прес-конференција.
Шефот на дипломатијата најави дека Полска ќе инсистира на истрага за воените злосторства што ќе ги изврши руската армија во оваа војна.
„Со оглед на нашето болно искуство, Полска постојано ќе бара воените злосторства да се гонат кривично. Казнувањето на воените злосторства е елемент на заедничката меморија на човештвото. Тоа е наша заедничка обврска“, рече Рау.
Досега во Полска пристигнале речиси 800.000 бегалци од Украина, меѓу кои и странски студенти и странци од 170 земји кои живееле и студирале во Украина, како што изјави вчера премиерот Моравиецки.
УНХЦР очекува бројот на украински воени бегалци да надмине 1,5 милиони до крајот на оваа недела.