Руските сили продолжија да го гранатираат украинскиот град Мариупол и планираната масовна евакуација на цивили ја претворија во хаос, иако прогласија прекин на огнот само неколку часа претходно, објави Би-Би-Си, а Ројтерс пренесува дека, според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, евакуација од градот денеска нема да има.
– Во Мариупол сум, на улица и слушам гранати на неколку минути. Гледам автомобили на луѓе кои сакаа да избегаат од градот и сега се враќаат. Тоа е хаос – изјавил 44-годишниот инженер Александар.
Украина: Русите не престануваат да напаѓаат
Градските власти најавија дека мора да ја одложат планираната масовна евакуација бидејќи Русите не ги запираат нападите, иако се согласиле на тоа.
– Ги повикуваме луѓето да се вратат во засолништата бидејќи руската страна не се придржува до прекинот на огнот и продолжува да пука во градот и неговата околина – рекоа тие.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) попладнето соопшти дека, според достапните информации, во сабота нема да има евакуација на цивили од градот, пренесе Ројтерс.
– Остануваме во контакт од двете страни за безбедно поминување на цивилите од различни градови погодени од конфликтот. Од сцените во Мариупол и другите градови, срцето денеска чука. Добредојдена е секоја иницијатива на страните што им дава одмор на цивилите од насилство и им овозможува доброволно да одат во побезбедни области – напиша МКЦК.
Русија: Украинците спречија евакуација
Руското Министерство за одбрана ги обвини украинските националисти за неуспехот на евакуацијата и тврди дека тие ги спречуваат луѓето да го напуштат градот.
Максим, 27-годишен програмер, испрати видео до Би-Би-Си од неговата зграда во Мариупол на кое се гледа чадот од експлозиите во центарот на градот и од насоката на автопатот кон Запорожје, каде што требаше да биде коридорот за евакуација.
– Слушаме проектили и гледаме чад од зградите околу нас. Нашата зграда е полна со луѓе бидејќи сите бегаат од центарот кој е нападнат. Некои штотуку пристигнаа ми рекоа дека градот е целосна катастрофа и дека тела лежат на улиците – рече тој.
Членовите на семејствата на оние кои останаа заробени во градот стравуваат за своите најблиски бидејќи информацијата стигнува до нив.
Кејт Романова, 27-годишна дизајнерка од Мариупол, рече дека нејзините родители останале во град кој бил целосно отсечен.
– Разговаравме утрово и немаа информации за евакуација. Тие живеат во центарот и ми рекоа дека постојано се гранатира. Некои други луѓе ми кажаа дека во градот се поставени звучници за информации за евакуација, но луѓето не им веруваат, мислат дека тоа би можело да се лажни руски информации – рече таа.
Во окупираниот Херсон, Украинец се качи на руско оклопно возило и вееше знаме (ВИДЕО)
„Таму се заробени сите, целосно отсечени“
Дијана Берг, која во петокот побегнала од градот со својот сопруг со автомобил и покрај силното гранатирање, ја оставила мајка си.
– Поминавме три дена постојано под гранати и сфативме дека имаме избор помеѓу смртта што демне во градот и смртта што демне на патот. Се одлучивме за патот. Мајка ми не сакаше да биде со нас. Сега сме полни со вина, требаше да ја земеме. Сите се заробени таму, целосно отсечени“, рече таа.
Заменик-градоначалникот Серхи Орлов за Би-Би-Си изјави дека примирјето целосно пропаднало.
– Постојано нѐ опсипуваат со проектили. Тие се луди. Во градот нема прекин на огнот и нема никаде по планираната рута. Нашите цивили беа подготвени, но не можеа да заминат поради гранатирањето – изјави Орлов.
Путин: Наскоро ќе заврши уништувањето на воената инфраструктура во Украина!
Мариупол, југоисточно и стратешки важно украинско пристаниште со 400.000 жители, е на клучна позиција меѓу прорускиот, сепаратистички регион на источна Украина и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
Руското Министерство за одбрана во саботата наутро објави дека руските сили овозможиле хуманитарни коридори во близина на градовите Мариупол и Волноваха и дека ќе ги прекинат нападите во пет часот.
Украинските власти соопштија дека планот е да се евакуираат околу 200.000 луѓе од Мариупол и 15.000 од Волноваха.
Набљудувач на прекинот на огнот требаше да биде Црвениот крст.