Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска го обвини НАТО дека го почитува рускиот притисок откако членките на Северноатлантскиот договор одбија да прогласат зона на забранети летови над Украина.
– НАТО не е силата што претходно ја замислуваа Украинците – изјави Кулеба, пренесува Ројтерс.
Говорејќи за украинската телевизија, Кулеба исто така рече дека е отворен за разговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров, но само доколку преговорите се „смислени“.