Блинкен во посета на Полска додека Русија ги интензивира нападите врз Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска е во Полска во близина на границата со Украина во време кога Русија ги интензивира нападите врз таа поранешна советска република.

Loading...

Во Жешов, град во југоисточна Полска, Блинкен разговараше со премиерот Матеуш Моравјецки и министерот за надворешни работи Збигњев Рау, а подоцна денеска ќе се сретне со украинските бегалци на граничните премини.

Разговорот со полските власти следеше откако американскиот државен секретар присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, на кој алијансата вети поголема поддршка за членките на Источното крило.

Иако НАТО не воспостави зона на забранети летови над Украина, која не е членка, значително ја зголеми воената и хуманитарната помош.

 

Убиен украински преговарач во Киев, одавал тајни на Русите

 

Аеродромот во Жешов, полски град на 80 километри од границата со Украина, стана центар за летови на авиони кои превезуваат помош.

Loading...

Блинкен рече дека неговата посета на Полска доаѓа во еден од најитните моменти во долгата историја на односите меѓу двете земји и дека распоредувањето на американски војници ќе продолжи.

По средбата Моравјецки рече дека е договорено зајакнување на источното крило на НАТО и „европската безбедносна архитектура“ и дека Полска бара повеќе американски војници на нејзина територија, каде во моментов има околу 10.000.

Блинкен и Моравјецки разговараа и за зајакнување на санкциите и замрзнување на средствата за Русија, што според Моравјецки треба да постигне пад на руската економија.