Зеленски го осуди НАТО: Намерно одбија да го затворат небото над Украина

Сподели со своите пријатели

„НАТО намерно одби да го затвори небото над Украина“, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

– Требаше да се мисли на луѓето, на човештвото. За што размислувавте на тој состанок? Сите луѓе кои умираат од овој ден ќе умрат поради вас, поради вашата слабост, поради вашата неединство – рече претседателот на Украина.

Тој рече и дека самитот на НАТО бил слаб и збунет.

– Се одржа самитот на НАТО – слаб самит, збунет самит, самит на кој беше очигледно дека не сите мислат дека борбата за слобода е цел број еден за Европа – рече Зеленски.