Украина објави дека има жртви во пожаротво нуклеарната централа

Сподели со своите пријатели

Неколку лица загинаа и се повредени во пожарот што избувна поради руското гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Утрово првично беше соопштено дека нема повредени или загинати.

Вработените ја следат работата на нуклеарната централа за да се уверат дека се е во ред, а нивото на радијација моментално е нормално, објави Министерството на Фејсбук, пренесува Би-Би-Си.

 

 

Но, доколку се прекине процесот на ладење на нуклеарното гориво во електраната, може да дојде до голема несреќа.

„Илјадници луѓе, вклучително и цивили кои во моментов не можат да се евакуираат од областа во близина на електраната, ќе бидат погодени“, се вели во соопштението.