Нема планови за одржување нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден за актуелната ситуација околу Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сега нема планови за таков разговор“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, пренесе ТАСС.
„Во моментов нашите соговорници тешко може да се наречат партнери“, изјави Песков.
Сепак, портпаролот на Кремљ истакна дека таквиот дијалог би можел да биде добра можност да им се претстави руската позиција на соговорниците и да се објасни суштината на специјалната воена операција во Украина.