Русија ги блокираше најголемите западни медиуми

Сподели со своите пријатели

Руското регулаторно тело за медиуми Роскомнадзор денеска соопшти дека го блокирало емитувањето на Би-Би-Си, Гласот на Америка, Радио Слободна Европа, Дојче веле и некои други медиуми поради наводно ширење лажни информации, пренесе РИА Новости.

Руските власти го обвинуваат Западот за ширење лажни информации за рускиот напад врз Украина, додека претседателот Владимир Путин го нарече Западот „царство на лагите“, пишува Ројтерс.

 

Германска тајна служба: Путин е подготвен за опсада на Киев, тој ќе го уништи градот

 

„Основа за забрана на овие медиуми е нивното намерно и систематско пласирање на извештаи кои содржат лажни информации“, изјави Роскомнадзор, пренесе Танјуг.

Регулаторното тело соопшти дека лажните информации се однесуваат на суштината на воената операција во Украина, нејзината форма, методите и борбените операции на руските вооружени сили, загубите и цивилните жртви.

 

РУСКИ ВОЈНИЦИ ВЛЕГЛЕ ВО НИКОЛАЕВ: Борби се водат во делови од градот

 

Сајтовите на Би-Би-Си и Гласот на Америка на руски не би можеле да се отворат денеска без ВИП, услуга која обезбедува сигурна интернет конекција користејќи приватни мрежи на некои оддалечени локации, додава Ројтерс.