Две лица приведени за незаконски лов во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две лица од скопско се приведени поради незаконски лов во кумановските села Романовце и Брзак, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– На 03.03.2022 во 23.10 часот помеѓу селата Романовце и Брзак, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.С.(55) од село Мршевци, скопско и Д.П.(45) од село Мралино, скопско, затоа што вршеле незаконит лов, информираат од кумановската полиција.

При преглед кај нив биле пронајдени и одземени улов и ловечка пушка „Застава“ со патрони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски