Украинците потопиле сопствен воен брод за да не го земат Русите

Сподели со своите пријатели

Предводникот на нивната морнарица, фрегатата Гетман Сагаидачни, беше намерно потопен од Украинците за да ги спречат Русите да го преземат, објави во четвртокот на Телеграм претседателот на Регионалниот совет на Одеса, Олексеј Гончаренко (41).

Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а се појави и фотографија од воен брод кој тоне во пристаништето во градот Миколаив на северниот брег на Црното Море.

Потонувањето наводно се случило на првиот ден од руската инвазија на Украина на 24-ти февруари. Бродот бил онеспособен, оружјето демонтирано и бил во пристаништето на поправка, тврди Гончаренко.

 

 

Фрегатата Гетман Сагадајчниј беше пуштена во употреба пред 30 години, во 2014 година беше поправена на бродоградилиштето Украина, а во 2017 година на бродоградилиштето на Црното Море.

Малите тековни поправки не беа доволни, па во 2018 година решија да направат голема реконструкција со длабока реконструкција, по што бродот ќе трае најмалку до 2031 година, пишува порталот на невладината Украински воен центар.

 

 

„Соборивме руски авион“

Во петокот украинската морнарица објави дека соборила руски авион на брегот на Црното Море.

„Украинската единица за воздушна одбрана во близина на одморалиштето Затока во југозападна Украина, на брегот на Црното Море, собори руски авион кој напаѓаше една од воените инфраструктури. Бараме пилот кој успеа да се катапултира“, објавија тие на Фејсбук со фотографија од запалениот авион.