Русија: За ширење „лажни вести“ за вооружените сили до 15 години затвор

Сподели со своите пријатели

Долниот дом на рускиот парламент во петокот донесе закон, според кој е предвидена затворска казна до 15 години за ширење, како што вели, „лажни“ информации за вооружените сили.

Руските власти постојано велат дека руските непријатели како САД и нивните сојузници шират лажни информации во обид да посеат раздор и да го поделат рускиот народ.

 

Што би се случило во случај на експлозија на најголемата нуклеарна централа во Европа?

 

Руските пратеници донесоа закон според кој ширењето „лажни“ информации или јавните повици за санкции против Русија е кривично дело.

„Ако лагите доведат до сериозни последици, тие се соочуваат со затворска казна до 15 години“, се вели во соопштението на Долниот дом на парламентот, Думата.

 

5 сценарија за крај на војната во Украина: Од кратка битка до падот на Путин!

 

Се чини дека според овој закон, руската држава ќе има многу посилни овластувања во сузбивањето на изјавите за кои властите сметаат дека ги дискредитираат вооружените сили, наведува Ројтерс.