„Европа мора да се разбуди. Руските тенкови се насочени кон нуклеарни блокови. Тие знаат каде да пукаат. Тие се подготвуваа за ова. Има шест енергетски блокови (еден експлодира во Чернобил). „Украина има 15 нуклеарни блокови“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рано утринава им се обрати на граѓаните.
Ако дојде до експлозија, како што рече, тоа е крајот на се.
Тешка ноќ во Украина: 4 часа гореше во најголемата нуклеарна централа (ВИДЕО)
„Ова е евакуација на Европа. Спречете го уништувањето на Европа од катастрофата во нуклеарната централа“, предупреди Зеленски.
„Не дозволувајте смрт на Европа поради катастрофата во нуклеарната централа“, апелира Зеленски, пренесува Гласот на Америка.
Според западните агенции, Зеленски изјавил дека им се обраќа на сите Украинци и на сите Европејци, на сите луѓе кои го знаат зборот Чернобил и кои знаат колку страдања и жртви предизвика експлозијата во нуклеарната централа.
По гранатирањето, Русите ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа
„Тоа беше глобална катастрофа. Стотици илјади луѓе се бореа со последиците“, рече Зеленски, истакнувајќи дека „ниту една земја досега не бомбардирала нуклеарни централи“.
Потсетуваме дека уште пред да започне новата руска инвазија на Украина, бројни експерти предупредуваа на опасноста во воената зона да се најдат 15 нуклеарни реактори.
A fire broke out in a training building at the largest nuclear power plant in Europe during intense fighting between Russian and Ukrainian forces, Ukraine’s state emergency service said https://t.co/UHPUHQV76y pic.twitter.com/f6IPUGprLQ
— Reuters (@Reuters) March 4, 2022