Претседателот на САД, Џозеф Бајден, разговарал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со цел да се информира за пожарот во нуклеарната централа Запорожје, соопшти Белата куќа.
Бајден му се придружи на претседателот Зеленски во повикувањето на Русија да ги прекине своите воени активности во областа и да им дозволи на пожарникарите и службите за брза помош да се приближат до локацијата, објави Гласот на Америка.
Тешка ноќ во Украина: 4 часа гореше во најголемата нуклеарна централа (ВИДЕО)
Претседателот на САД разговараше со потсекретарот за нуклеарна безбедност во Американскиот секретаријат за енергетика и администраторката на Управата за нуклеарна безбедност Џил Хруби, која го информираше за состојбата во украинската централа.
Според соопштението, Бајден ќе продолжи да добива извештаи за ситуацијата.
Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гренолм вели дека нема докази за зголемено ниво на радијација во нуклеарна централа која произведува повеќе од 20 отсто од вкупната електрична енергија во Украина.
По гранатирањето, Русите ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа
Џенифер Гренолм рече дека реакторите на електраната се заштитени со силни структури и дека нивното безбедно исклучување е во тек.